Баварската машина за помалку од 30 минути даде четири гола, а утна и пенал, но се повреди Мане!

Баерн Минхен има водство од 4-1 во финишот на првото полувреме против Вердер во меч од Бундеслигата.

Дека се расположени вечерва, Баварците најавија со голот на Мусијала во шестата минута. Но, само четири минути подоцна, гостите од Бремен изедначија на 1-1 и со тоа како да го разлутија противникот.

Следуваше период од 16-тата до 28-мата минута во кој Баерн прво утна пенал, а потоа даде три гола.

Лоша вест за Баерн и особено за сенегалската репрезентација е што Садио Мане поради повреда беше повлечен од игра во средината на првото полувреме. Ако не може да игра на СП, тоа би било катастрофа и за него и за Сенегал.

- Оглас -

Најнови вести