Баварците го стигнаа Јуве со девет титули по ред, но за европски рекорд ќе почекаат

Баерн Минхен деветта сезона по ред е првак на Германија, доминацијата на баварците во Бундеслигата е неоспорна, а со овие девет титули едноподруго, го изедначија рекордот на Јувентус во Топ 5 лигите. И Јуве имаше девет титули во низа, а таа серија заврши сезонава.

Севкупно во европските лиги, рекордери се Линколн од Гибралтар и Сконто Рига од Летонија, со по 14 титули едноподруго. Светскиот рекорд го држи Тафеа од малата островска земја во Тихиот океан, Вануату, со 15 титули по ред.

Од фудбалерите на Баерн, најтрофејни се Давид Алаба и Томас Милер со по 10 бундеслигашки титули, со што тие двајца станаа рекордери. Алаба летово си оди од Баерн, па Милер ќе има прилика во следната сезона сам да биде на чело на листата на играчи со најмногу титули во германското првенство.

- Оглас -

Најнови вести