Баварците на сакаат сапуници, се откажаа од Хадсон Одои, на ред е Пепе

Баерн Минхен веројатно ќе се откаже од планот да го ангажира Калум Хадсон Одои, тинејџерот од Челзи, бидејќи преговорите траат долго и безуспешно, иако Баварците понудија високи 40 милиони евра.

Сагата трае долго, Челзи не попушта, па според француските медиуми Баерн го врти интересот кон Николас Пепе, вториот стрелец во францускиот шампионат.

Напаѓачот на Лил има извонредна сезона, веќе постигна 16 голови и е зад Килијан Мбапе на листата со најдобри стрелци во една од Топ-5 лигите во Европа.

Пепе е репрезентативец на Брегот на Слонова Коска, има само 23 години и во Минхен проценија дека има одлична перспектива и дека може да игра во Бундеслигата. Вкупно во сите натпреварувања Пепе има постигнато 17 голови и 11 асистенции, што е одличен учинок.

- Оглас -

Најнови вести