„Бебешката“ Барселона покажа дека има иднина за каталонскиот гигант

Победата на Барселона против Динамо Киев во некое блиско минато ќе беше повеќе од нормална работа, но синоќешниот триумф беше посебен. Каталонскиот гигант сезонава е во криза, го сменија тренерот, но и покрај тоа, успеа да победи во Киев.

Триумфот има посебна тежина ако се знае со кој тим играше Барселона. За првпат во историјата, една шпанска екипа во стартниот тим имаше тројца фудбалери кои се помлади од 20 години. Ансу Фати има 19 години, колку што има и Нико, а Гави е најмлад само со 17 години.

Вкупната старост на гостинскиот тим кој синоќа играше во Киев беше 24 години и 311 дена, што е доволно да ја стави оваа Барселона во Топ 10 екипи на каталонскиот гигант во едно европско натпреварување. Токму еден од тројцата тинејџери, односно Ансу Фати беше стрелец на голот за победа на Барселона. Фати реши погодокот да го посвети на Серхио Агуеро, кому неодамна му беа откриени проблеми со срцето и Аргентинецот најмалку три месеци ќе биде под лекарска проверка и нема да може да игра.

 

- Оглас -

Најнови вести