Бејл го спаси Велс од пораз во првиот натпревар на Светските првенства по пауза од 64 години (Видео)

Во последниот натпревар на вториот ден од Светското првенство во Катар, Велс и САД одиграа без победник 1:1 во натпревар во кој двете селекции доминираа по едно полувреме.

Првото полувреме им припадна на Американците, а второто на Велшаните, кои во првиот меч по пауза од 64 години (последен настап им беше во Шведска 1958) од пораз ги спаси капитенот и најдобриот играч, Герет Бејл.

Првото полувреме им припадна на фудбалерите на САД, кои доминираа на теренот на стадионот „Ал Рајан“, притоа недозволувајќи им на Велшаните да упатат ниту еден удар кон голот на Мет Тарнер.

Фудбалерите на САД доминацијата ја крунисаа со голот на Тимоти Веа во 36-тата минута, по одличната асистенција на Пулишиќ.

Во второто полувреме, настаните беа поинакви, Американците се одлучија да го бранат водството, а играчите на Велс фрлија сè на една карта, на офанзивна игра.

Првата голема шанса Велс ја имаше во 65-тата минута, кога Бен Дејвис одлично шутираше со глава, но голманот на САД, Тарнер, успеа да го одбрани ударот и топката ја испрати во корнер.

Сепак, Велс од пораз се спаси во 82-рата минута, кога Герет Бејл постигна гол од пенал за конечни 1:1.

https://twitter.com/i/status/1594795180409896961

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести