Бразилскиот портал „Тривела“ објави информаација дека левиот бек на Левски, Маикон, го привлекол вниманието на селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти.
Ова е вистинска сензација бидејќи секогаш се преферираат играчи од врвните лиги, но шансите на Маикон да влезе во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство во 2026 година не се големи. Сепак се додава дека евентуален трансфер во некоја од петте најдобри европски лиги во зимскиот преоден рок би можел да му помогне.
За Маикон постои сериозен интерес од Бетис и Лил, па ако од јануари заигра во некој од овие клубови, би можел и да се најде на списокот на Кариоките.

