Бекам ќе ја спасува кариерата на Икарди?

Мауро Икарди би можел да ја продолжи кариерата во Интер, но не оној од Милано каде што и сега настапува, туку во Мајами, новоформираниот американски клуб чиј сопственик е Дејвид Бекам. Наводно, Англичанецот стапил во контакт со челниците на Нероаѕурите и започнал преговори околу можна преселба на аргентинскиот голгетер преку Барата.

Интер Мајами е тимот на Бекам кој ќе започне со натпреварување во МЛС лигата во 2020 година, а веќе се кројат планови околу составување на екипата. Знаејќи дека иднината на Икарди е неизвесна, Бекам сака да му ја спаси кариерата и да го направи прва ѕвезда во својот нов тим, додека Наполи и Јувентус се останатите две екипи кои се интересираат за екскапитенот на Интер.

Од претходно е познато дека Бекам се обидува да ги осигура услугите на Луис Суарес, искусниот голгетер на Барселона, додека уште неколку играчи со јужноамериканско потекло како Хамес Родригес и Антонио Валенсија, се на радарот на поранешниот англиски репрезентативец

- Оглас -

Најнови вести