Бекам работи со полна пареа: Прва негова цел е ѕвезда на Барселона

Новоформираниот фудбалски клуб Интер Мајами, чиј сопственик е поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам, наводно испратил понуда до голгетерот на Барселона Луис Суарес. Според информациите кои стигнаа од Шпанија, на Уругваецот му бил понуден четиригодишен договор, кој би стапил на сила од 2020 година, една година пред да му истече соработката со Барселона.

Интер Мајами официјално ќе стартува со натпреварување во МЛС-лигата во 2020 година, а Бекам посакува токму ѕвездата на Барселона да биде предводник на новата франшиза. Американскиот клуб му остави простор на Суарес да размисли околу оваа примамлива понуда, а со оглед дека фудбалерот влегува во ветеранските години, нема да биде изненадување доколку прифати да се пресели во САД.

Откако пристигна од Ливерпул во летото 2014 година, Суарес настапи вкупно на 247 натпревари во кои постигна 177 погодоци за Каталонците. Во изминативе пет сезони, Суарес со Барселона освои вкупно 14 трофеи, од кои најзначајни се четирите титули во Шпанија и Лигата на шампионите во сезонта 2014/15.

- Оглас -

Најнови вести