Бековски тандем и донесе бронза на Франција

Франција го доби малото финале на Мундијалот во Кина и го освои бронзениот медал со победа против Австралија од 67:59.

Во тврд меч со многу малку кошеви на паркетот во „Кадилак арена“ доминираше бековскиот тандем на „триколорите“, Де Коло и Фурние.

Нандо де Коло постигна 19 поени, Еван Фурние стаса до 16-ка, а тие беа единствените двајца кошаркари кај победникот со двоцифрен број на поени.

Франција направи голем пресврт, откако губеше со 9 поени разлика по првото полувреме, а клучен беше последниот период од играта.

Победникот ја доби со 25:13 го комплетираше пресвртот и ја освои бронзата. Австралија не успеа да го освои првиот медал на Светските првенства, а не помогнаа ниту 17 поени на Инглс и 15 на Милс.

Од 14 часот ќе се игра големото финале за златото меѓу Шпанија и Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести