Беља на тренинг – Дарко Чурлинов го скрши носот, во петок ќе оди на операција

Дарко Чурлинов има скршеница на носот и ќе мора да оди на операција во петок, објавија од неговиот клуб Штутгарт. Без детални информации што се случило, од таборот на Бундеслигашот му посакаа на младинскиот репрезентативец што поскоро да се врати на теренот.

Чурлинов сезонава одигра пет меча за Штутгарт со вкупна минутажа од околу 90 минути, а на сите пет настапи влегуваше во игра како резерва.

Нашиот младински репрезентативец има 20 години, но рано замина во Германија, најпрво во фудбалската Академија на Ханза, потоа и во Магдебург и во Келн.

Од таборот на популарните Јарци од Келн лани во јануари се префрли во Штутгарт. Со настапот за А селекцијата на Македонија на 28 март во 2017 година, Чурлинов на 17-годишна возраст стана најмладиот фудбалер што играл за нашиот национален тим.

 

- Оглас -

Најнови вести