Беласица и Силекс не се предаваат

Струмичкото дерби кои се играше во Турново, и припадна на Беласица благодарение на погодоците на Дробаров и Ѓорѓиев во првото полувреме. Со оваа победа, Беласица останува во игра за опстанок, но за нивна жал, не му се доближија на Силекс, бидејќи кратовци го совладаа Работнички. Силекс славеше против Работнички со гол на Георгиев од пенал.

Шкендија немаше проблем со „лавовите“ од Ѓорче и лесно дојде до победа која тетовци ги доближува до нова титула, а и Вардар не дозволи кикс, туку ги совлада „гипсарите“. Во ова коло, немаше нерешени резултати.

РЕЗУЛТАТИ: Академија Пандев – Беласица 0-2, Победа – Шкупи 0-3, Шкендија – Македонија Ѓорче Петров 4-2, Силекс – Работнички 1-0, Вардар – Ренова 2-0.

ТАБЕЛА: Шкендија 66 бода, Вардар 54, Академија Пандев 47, Шкупи и Работнички по 39, Ренова 36, Македонија ЃП 35, Силекс 31, Беласица 27, Победа 20.

- Оглас -

Најнови вести