Белата точка е црна за Осасуна

Со двата пенали кои беа досудени вечерва против Осасуна, клубот од Памплона само го зголеми својот негативен рекорд со односот на досудени пенали за и против тимот.

Мајорка и Осасуна одиграа 2-2, домашниот тим двата гола ги даде со казнен удар од 11 метри. Александар Трајковски влезе во 76-тата минута, при 2-1, и само што влезе, гостите израмнија.

Дали судиите имаат нешто против Осасуна или поради стилот на игра на овој тим низ историјата, овој клуб држи еден негативен рекорд во првата шпанска лига. За Осасуна се досудени вкупно 131 пенал, а против неа 209. Овој минус од 78 пенали е најлошиот биланс кој го има еден шпански тим.

- Оглас -

Најнови вести