Белгија е нов женски кошаркарски шампион на Европа!

Репрезентацијата на Белгија е нов женски кошаркарски шампион на Европа откако во финалето по голем пресврт ја совлада селекцијата на Шпанија со 64-58.

За кошаркарките на Белгија ова е најголем успех на европските првенства бидејќи досега имаа освено само два бронзени медали. За разлика од нив, Шпанија е четирикратен европски шампион и најтрофејна селекција по поранешниот Советски Сојуз.

Денешното финале не навестуваше ваков расплет. Шпанските кошаркарки одиграа одлично прво полувреме и постојано беа во водство. На паузата заминаа со 32-25.

Во второто полувреме предноста почна да се топи, но одлучувачки период беше последниот, кој кошаркарките на Белгија го добија со 21-10, што беше доволно за комплетен пресврт и победа од 64-58.

- Оглас -

Најнови вести