Антверпен преку Мехелен до трофејот од Купот на Белгија (Видео)

Екипата на Антверпен го освои четвртиот трофеј од Купот на Белгија, откако во големото финале го совлада Мехелен со 2-0. Со ова фудбалерите на Антверпен не само што ја оправдаа фаворитската улога, туку и го повторија успехот од 2020-тата година, кога последен пат го кренаа пехарот од ова натпреварување.

Резултатот беше отворен во 35-тата минута, кога Винсент Јансен беше сигурен реализатор на најстрогата казна.

Конечниот резултат го постави Баликвиша во 81-вата минута за голема радост на својата екипа.

Екипата на Анврептен претходните три трофеи од Купот на Белгија ги освои во 1955, 1992 и 2020-тата година, додека Мехелен последен пат на трофејот се радуваше во 2019-тата година.

- Оглас -

Најнови вести