Белгија прва ја оствари целта и ќе игра на Европското првенство следната година и засега е единствената селекција што преку квалификациите успеав да стаса до континенталниот собир што ќе се одржи во 13 земји, следната година.
Со убедливата победа од 9:0 против Сан Марино, „црвените ѓаволи“ се недостижни за конкурентите со 21 бод во И групата. И Русија од таа група е многу блиску до настап на ЕП, откако ја откажа Шкотска вчеравечер со убедлива победа од 4:0 и има 18 бода од 8 меча.
Во оваа група останува Кипар со минимални шанси да ги загрози Русите, но мора да ги добие сите три меча до крај, а „баќушките“ да ги загубат сите три преостанати дуели.
Многу блиску да обезбедат пласман на ЕП 2020 се и гигантите Шпанија и Италија, но се уште не се и математички со доволно бодови за да бидат пласирани на шампионатот.