Белгијците без капитенот ќе бркаат победа во Рејкјавик

Кевин де Бројне, капитенот на Белгија во отсуство на Еден Азар, ќе го пропушти мечот против Исланд кој за два дена ќе се игра во Рејкјавик.

Еден од најдобрите играчи на селекторот Мартинес се врати во Манчестер, каде што ќе продолжи со рехабилитацијата, откако се здоби со повреда во поразот од Англија вчера. Де Бројне на „Вембли“ се задржа до 73-тата минута, пред да биде заменет со талентираниот Јари Вершарен.

Според Мартинес, не се работи за повреда, туку Де Бројне не е физички подготвен да игра, па за да не дојде до компликации, заедно одлучиле да ја напушти селекцијата.

Така Белгија задутре без капитенот ќе брка победа во Рејкјавик, во четвртото коло од Лига на нациите.

- Оглас -

Најнови вести