Беретини се предаде среде меч, 104-тиот на АТП е полуфиналист на Ролан Гарос

Италијанскиот тенисер Матео Арналди се пласира во полуфиналето на „Ролан Гарос“, откако неговиот имењак и сонародник Беретини го предаде мечот при 7-5, 5-2 за Арналди.

Арналди е 104-ти на АТП-листата, до полуфиналето имаа одиграно дури 19 часа и 42 минути што е рекорд, а ќе беа и над 20 ако Беретини играше до крај. Во полуфиналето Арналди ќе се соочи со Флавио Коболи, што гарантира присуство на Италијанец во големото финале. Италијанците чекаа свој финалист во Париз, но мислеа на Јаник Синер, а испадна дека ќе биде некој друг.

Во другото утрешно полуфинале ќе играат Александар Зверев и Јакуб Меншик. Денеска се играат двете полуфиналиња кај дамите, паровите се Костјук – Андреева и Шнајдер – Хвалинска.

- Оглас -

Најнови вести