Почина вториот стрелец во историјата на Челзи

Легендата на Челзи, Боби Тамблинг, кој беше најдобар стрелец на клубот на сите времиња повеќе од четири децении, почина на 84-годишна возраст. Тој последниот период се бореше со деменција.

Помеѓу 1959 и 1970 година, Тамблинг постигна 202 гола на 370 натпревари за лондонските Сини. Овој рекорд беше на сила до 2013 година, кога го надмина Френк Лампард.

Тамблинг постигна пет гола против Астон вила во 1966 година и тоа уште е рекорд на Челзи по број на голови на еден нивен играч на еден меч. 

- Оглас -

Најнови вести