Белгијците дефинитивно означија крај, Клуб Бриж е првак

Фудбалската сезона во белгиската Жупилер лига и дефинитивно е откажана, одлучи денес раководството на шампионатот. Клуб Бриж и официјално е прогласен за шампион, а според пласманот на екипите на табелата пред да се случи прекинот, се доделија местата за европските натпреварувања за следната сезона.

По долги премислувања дали има услови првенството да се доигра или пак да се остане при првичниот план да нема фудбал, Белгијците конечно ја разрешија сагата, па Жупилер лигата е трета од позначајните на Стариот Континент која означи крај по француската Лига 1 и холандската Ередивизие.

Васланд-Беревен како последнопласиран тим испадна во втората лига, додека неговото место ќе го заземе една од екипите на Лувен или Бершот. Овие две екипи треба да го доиграат реванш-мечот за пласман во елитата кој најверојатно ќе се случи пред стартот на новата сезона (7 август), откако Бершот го доби првиот дуел со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести