Хрватско чудо: Сезоната ја започна во четврта лига, а сега може да игра на Светско првенство

Матео Биондиќ е 22-годишен напаѓач на белгискиот Ројал Унион, фудбалер кој покажува дека само за една сезона кариерата може неверојатно да се промени на подобро. Биондиќ сезонава ја започна во тимот на Ајнтрахт Триер, кој игра во регионалната лига во Германија (четврти ранг по силина).

Во 17 меча постигна седум гола и го привлече вниманието кај челниците од белгискиот тим, па во зимскиот преоден рок направи трансфер во Ројал Унион, каде што само во неколку натпревари покажа квалитет.

Природната позиција на Биондиќ е по крилната позиција, но често знае да се уфрли во нападот и да биде опасен за противничките голмани. На последниот меч против Мехелен Хрватот даде гол, а имаше и асистенција, па го привлече вниманието и на селекторот Златко Далиќ. Еден од влијателните инсајдери, Руди Галети, тврди дека два англиски тима се интересираат за Биондиќ.

Останува уште малку време да видиме дали е можно фудбалерот кој на почетокот на оваа сезона играше во четвртата лига во Германија, ова лето да биде дел од репрезентацијата на Хрватска на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести