Белгијците се само декор во топ 3, се знае кој ќе биде играч на сезоната во изборот на УЕФА

УЕФА ги објави тројцата кандидати за признанието најдобар играч за сезоата 2021/2022. Тоа се Карим Бензема од Реал Мадрид, неговиот клупски колега, голманот Тибо Куртоа, и Кевин де Бројне од Манчестер сити. Лани признанието го освои Жоржињо од Челзи.

Поради многуте клучни голови кои ги постигна, водејќи со Кралскиот клуб во минатата сезона до 14-тата европска титула, нема дилеми дека наградата од УЕФА ќе замине во рацете на Бензема. Французинот кој даде 15 гола во ЛШ во минатата сезона е голем фаворит и за Златната топка и за наградата The Best која ја доделува ФИФА за најдобар фудбалер на светот во тековната година.

Куртоа бранеше одлично цела сезона, се истакна со неколку спектакуларни одбрани и во финалето против Ливерпул. Де Бројне трета сезона е во Топ 3 на УЕФА, беше најдобар играч во Премиер лигата.

За најдобар тренер кандидати се: Карло Анчелоти, Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.

Церемонијата на прогласување на најдобрите во натпреварувањата на УЕФА ќе се одржи на 25 август во Истанбул, кога ќе биде и ждрепката за групната фаза од Лигата на шамоионите.

- Оглас -

Најнови вести