Белгиски репрезентативец се појави облечен во фустан

Фудбалскиот репрезентативец на Белгија, Амаду Онана, е дел од селекцијата која вечерва ќе игра против Србија во пријателски меч. Онана го привлече вниманието откако на собирот пристигна облечен во фустан, а носеше и чанта од познатата модна марка „Луј Витон“.

Онана е играч на Евертон и неговата вредност се проценува на 50 милиони фунти, а во премиерлигашот стигна од францускиот Лил. Сезонава одигра 14 меча за Евертон и постигна еден гол, а имаше и една асистенција на клупско ниво. За репрезентацијата на Белгија има девет настапи.

Белгија вечерва ќе игра контролен меч против Србија, а потоа ја чека и меч од квалификациите за ЕП 2024 против Азербејџан. Црвените ѓаволи моментално се на првото место во групата Ф со 17 бода и веќе се сигурни патници за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

- Оглас -

Најнови вести