Белград се тресеше, спектакуларна поддршка за Ѕвезда пред мечот со Милан (Видео)

Трибините на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград вечерва за време на дуелот на Црвена ѕвезда со Милан од Лигата на Европа ќе бидат празни, па фановите на српскиот тим синоќа им дадоа голема поддршка на своите миленици.

Бројни фанови по тренингот на Ѕвезда, со песни, знамиња и палење пиротехника им приредија незаборавна прослава на своите миленици, кои мораа да излезат од хотелот и да ги поздрават, но исто така и тие не останаа имуни, па пееја, а предничеше тренерот Дејан Станковиќ. Милан е голем фаворит во овој двомеч, но топката е тркалезна и можни се секакви изненадувања.

Пукотниците одекнуваа низ Белград како потсетување дека Ѕвезда игра важен меч.

- Оглас -

Најнови вести