Сензационална најава од Англија: Сити во Компани гледа наследник на Гвардиола?!

Манчестер сити во моментов е насочен кон борбата со Арсенал за титулата во Премиер лигата, но во клубот размислуваат и што ќе се случи доколку Гвардиола си замине. Иднината на Каталонецот на клупата на Граѓаните е неизвесна и тој сè уште нема одлучено дали ќе остане, иако има активен договор и за следната сезона.

Високо, можеби и највисоко на листата со желби за негов наследник е тренерот на Баерн Минхен, Винсан Компани, кој веќе стана шампион на Германија, а има шанса да дојде и до трофеите од Купот на Германија и од Лигата на шампионите.

Секако, од Баерн нема толку лесно да се откажат од него бидејќи имаат договор до 2029 година, а одлично им оди и во освојувањето на титулите.

- Оглас -

Најнови вести