Киву пресреќен по пласманот во финалето: „Само луд тим како Интер го може ова“

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, беше многу среќен по драматичната победа на неговиот тим со 3:2 над Комо, која ги однесе Нераѕурите во финалето од Купот на Италија. Езерџиите водеа со 2:0 до 69-тата минута, но гигантот од Милано направи пресврт со два гола на Хакан Чалханоглу и еден на Петар Сучиќ.

„Ова е резултат на работата на целиот тим, во кој играчите од првиот ден се ставаат во служба на колективот и секогаш се претставуваат на најдобар начин кога ќе излезат на теренот. Денес нашите резерви ни помогнаа многу и одиграа клучна улога. Ова е заслуга на тим кој има огромна желба да се бори до самиот крај“, објасни романскиот стратег.

„Знаевме кој е Комо. Успеавме да им дадеме толку многу голови затоа што моите момци имаат желба и гордост. Да го победиш Комо двапати за 10 дена е нешто што може да го постигне само еден ‘луд’ тим како Интер“, додаде романскиот стручњак.

- Оглас -

Најнови вести