Белградското вечно дерби во полн сјај: многу голови, преполни трибини, црвен картон…

Црвена ѕвезда и Партизан одиграа 2-2 во 172-рото белградско вечно дерби, а овој резултат значи дека Партизан е поблиску до титулата во Србија, бидејќи ја задржа предноста од еден бод во однос на ривалот.

Четири гола на нивните меѓусебни дуели немаше уште од 2017 година.

Ѕвезда после половина час игра остана без капитенот Драговиќ, но домашните поведоа со 1-0 со гол на Спајиќ, по што Партизан во самиот финиш на првиот дел изедначи преку Салдања.

Црно-белите направија пресврт и поведоа после четири минути игра во вториот дел, стрелец беше Калулу, за радост на нивните 15.000 навивачи на трибините на „Рајко Митиќ“. Ѕвезда преку Ндиаје израмни во средина на второто полувреме, а гостите останаа со човек помалку по црвениот картон на Северина.

Иако имаа играч плус, фудбалерите на Црвена ѕвезда не ја искористија предноста иако имаа неколку шанси, Партизан добро се бранеше, и од конечниот резултат позадоволни се гостите.

- Оглас -

Најнови вести