Белинда и Бјанка го играат најважниот меч во кариерата

Елина Свитолина – Серена Вилијамс (Отворено првенство на САД, полуфинале, 01 часот)

Според позицијата на ВТА-листата и според рангирањето на листата на носителки на турнирот, Свитолина треба да е фаворит, но во светот на женскиот тенис познато е дека против Серена Вилијамс мора да се прифати улогата на аутсајдер.

Американката и на 37 години игра врвен тенис и повторно е главна фаворитка за пехарот на Отвореното првенство на САД, што би бил нејзин седми во поединечна конкуренција во Њујорк.

За педигрето што го има Серена во светот на тенисот, доволно говорат вкупно 39-те гренд слем трофеи во сите конкуренции, кои ја доведоа до третото место на вечната листа. Има 23 во сингл, 14 во женски двојки и две во микс, што е блескав ефект на тенисерка што има неверојатна кариера.

Свитолина, како и грото останати тенисерки, долго се мачеше да го пробие штитот на Серена и конечно по четирите стартни порази од неа во меѓусебните дуели, успеа да ја победи пред три години. Тоа го стори на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро.

Украинката има многу солидна сезона, а веќе играше полуфинале на гренд слем, во Лондон на Вимблдон, но мора да се напомене и дека нема многу среќа со ждрепката. На терените на „Ол Ингланд клубот“ загуби од Симона Халеп во меч за финале, а потоа Романката славеше на Вимблдон.

Претходно, на Ролан Гарос загуби од Гарбиње Мугуруза, една од најдобрите тенисерки на земјена подлога и дама што има титула во Париз. И на првиот гренд слем турнир во сезоната, на Отвореното првенство на Австралија налета на Наоми Осака во четврт-финалето и беше елиминирана, а Јапонката го освои пехарот во Мелбурн.

Свитолина има 24 години и тениските експерти велат дека е време да добие меч што ќе ѝ донесе самодоверба дека е способна да освојува титули на грендслем турнирите. Украинката има квалитет да ѝ се спротивстави на Серена во ваква позиција и очекуваме дека може и да ја победи во долг и неизвесен меч.

Предлог тип: 1>20.5 гема (5.55)

 

Белинда Бенчиќ – Бјанка Андрееску (Отвореното првенство на САД, полуфинале, 02.15 часот)

Двете млади тенисерки го постигнаа најголемиот успех во кариерата со пласманот во полуфиналето на гренд слемот во Њујорк, а едната од нив ќе игра и меч за титулата.

Бенчиќ е малку повозрасна, има 22 години и таа е производ на школата што ја изнедри Мартина Хингис. Мајката на Хингис ја тренираше Бенчиќ, а веднаш се познава раката на одличен тениски стручњак. И Хингис и Бенчиќ имаат родители од Словачка, а настапуваа(т) за Швајцарија. Белинда беше најдоброрангирана јуниорка на светот во својата генерација и освои две вредни титули, гренд слемовите на Ролан Гарос и на Вимблдон.

Тоа е добра подлога да очекува слични или поголеми успеси и во сениорска конкуренција, а со пласманот во полуфиналето на Отвореното првенство на САД е на добар пат да конкурира за првата сениорска гренд слем титула.

Андрееску има сличен пат, а токму советот на Симона Халеп во 2016 година,, порано да ја почне професионалната кариера, беше клучен за сензацијата од Канада. Родителите на Бјанка се Романци, а таа на седумгодишна возраст пристигна со нив во Питешти, каде што тренираше со Габриел Христаче, познат тениски стручњак во Романија. Потоа се врати во Канада и најави дека е голем талент. Има само 19 години, а сезонава блеска на тениските терени.

Таа е единствената тенисерка во историјата на популарниот петти гренд слем, како што го нарекуваат турнирот во Индијан Велс, што освоила титула, а настапила со вајлд-карта или на покана на организаторот.

Потоа приреди и првокласна сензација на Роџерс купот во Торонто, градот во кој живее. Ги победи сите ривалки, а во финалето Серена Вилијамс ѝ се предаде поради повреда, за нов вреден пехар на ВТА-турнирите.

Мечот ќе биде интересен, влогот е голем и ќе значи прво гренд слем финале за една од двете тенисерки, па се очекува голема битка и веројатно три сета што ќе одлучат за настап во финалето на Отвореното првенство на САД.

Предлог тип: > 21.5 гем (1.73)

 

Перу – Еквадор (Пријателски натпревар, 02 часот)

Перу имаше одличен настап на Копа Америка и стигна до финалето, каде што претрпе пораз од домаќинот Бразил. Сосема спротивно, Еквадор одигра многу лош турнир и заврши на последното место во фазата по групи и во раната фаза испадна.

Перу и Еквадор често играат меѓу себе поради системот на натпреварување во Јужна Америка, каде што сите репрезентации играат меѓу себе во познатиот формат.

Последниот меч им беше од пријателски карактер, а го доби Еквадор со 2:0, и тоа како гостин во Лима, а ноќеска ќе се игра во Њу Џерси на стадионот на Њујорк Ред Булс.

Во последните десетина меѓусебни натпревари билансот им е речиси израмнет, но Перу сега е во подобра форма од Еквадорците и е фаворит за победа. На пријателските мечеви често има голови, бидејќи сепак не постои императив за бодови, за пласман, туку се игра за престиж.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.38)

 

Чиле – Аргентина (Пријателски меч, 04 часот)

Аргентинците немаат пораз од Чиле во регуларен дел на последните осум меѓусебни дуели. Последната победа Чилеанците ја забележаа во 2008 година, но во овие 11 години оттогаш имаат подобри резултати од ривалот со којшто ќе играат ноќеска во Лос Анџелес.

Чиле освои две титули на Копа Америка, во 2015 и 2016 година, а Аргентинците одамна немаат трофеј од големите натпреварувања, иако играа финалиња и на Светско првенство и на Копа Америка во последните десеттина години.

Ноќеска ќе играат без Лео Меси, кој е под посебен третман и рехабилитација по повредата на листот на ногата. Не се повикани ниту Анхел ди Марија и Серхио Агуеро, а одамна отпишан е Мауро Икарди.

И кај Чилеанците има неколку отсутни, а нема да играат капитенот Гари Медел, потоа и Исла, Видал, Пулгар, Бесажур, играчи што се многу значајни за оваа селекција.

Двете селекции си создадоа интересен ривалитет во новиот милениум и иако е пријателски меч, ќе се игра цврсто и победата ќе значи многу и за Аргентина, а особено за Чиле.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (1.70)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести