-3.2 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Белингам распали: „Не им верувајте на овие кловнови и нивните извори“

Џуд Белингам првпат по отказот на Чаби Алонсо се огласи во јавност, но на големо изненадување, без воопшто да го спомене поранешниот тренер на „кралевите“. Токму Белингам беше посочен како еден од фудбалерите кои учествувале во „пучот“ за смена на тренерот, па и неговата објава се однесува на тоа.

„Досега им дозволував на премногу вакви работи да поминат, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина во свое време. Но, искрено… ова е еден куп со глупости. Навистина ми е жал за луѓето кои се држат за секој збор на овие кловнови и нивните ‘извори’. Не верувајте во сè што ќе прочитате — од време на време овие луѓе мора да бидат повикани на одговорност за ширењето на вакви штетни дезинформации, само за кликови и дополнителни контроверзи.“ – напиша Белингам.

Англичанецот во објавата на неговата лична апликација сподели и фотографии од медиумски написи, но и од објави на социјалните мрежи, на луѓето за кои се однесува неговата реакција.

- Оглас -

Најнови вести