Белорусија не е сама, уште една екссоветска република го почнува првенството

Викендов стартува фудбалската лига на Таџикистан, земја која се наоѓа во средниот дел на Азија, поранешна членка е на СССР и има 9 милиони жители. Иако се граничи со Кина, во Таџикистан нема пријавен случај на Коронавирусот, со што се меѓу ретките среќници во светот.

В недела, на 5 април, треба да почне првата лига во Таџикистан, а фудбалската сезона стартува в сабота, со дуелот од Суперкупот на таа земја. Одлучено е натпреварите да се играат без публика.

Фудбалот во Таџикистан е скромен, немаат интернационални успеси на клупско и репрезентативно ниво, а клуб кој доминира е Истиклол од Душанбе, кој од 2010 наваму има осум титули, додека другите две ги освои Равшан. Во лигата има 10 тима кои играат по трипати во сезоната секој против секого. Вкупно 42 странци играат во лигата (шестмина се голмани), од кои 20-мина се од Узбекистан, а десетмина се од Гана.

 

- Оглас -

Најнови вести