Ова е државата која има само 135-мина фудбалери, а ќе биде дел од Светското првенство

Курасао е репрезентација која ќе дебитира на Светско првенство. Тоа е земја која има само 156.115 жители и со тоа стана најмалата земја по бројот на жители што некогаш настапила на планетарен собир, надминувајќи го рекордот на Исланд од 2018 година.

Овој карипски остров сместен покрај брегот на Венецуела ќе биде дел од Е групата на Мундијалот заедно со Германија, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.

Базата на играчите кои може да настапат за репрезентацијат на Курасао е многу мала. Според Be Soccer Pro, моментално само 135-мина фудбалери кои ги исполнуваат условите: 94 со примарно државјанство на Курасао и 41 со корени на островот. Повеќето не се натпреваруваат на највисоко ниво. Од 94-ица играчи со државјанство, само 27 играат во врвните лиги, а ниту еден во една од врвните европски лиги. Останатите се распределени низ вторите лиги (25) и во голема мера низ третиот, аматерскиот и јуниорскиот ранг на натпреварувањето (42).

Од 26-те фудбалери кои ќе бидат дел од составот на Курасао на овој Мундијал, 15-мина играат во првите лиги на земјите во кои се натпреваруваат, а 11 се дел од второлигашко друштво. Ниту еден играч не е дел од Топ 5 лигите во Европа. Најмногу играчи има кои настапуваат во холандското првенство, а има и играчи кои се дел од шампионатите во Израел, Швајцарија, Турција, Саудиска Арабија…

Од повиканите 26-мина репрезентативци, само еден е роден на островото Курасао и тоа е Тахит Чонг, кој настапува во Шефилд јунајтед во Англија. Но, и тој уште како 10-годишно момче со своето семејство се има преселено во Холандија, каде што продолжил да се школува и заиграл за младинската школа на Феенорд. Останатите 25-мина играчи на списокот на селекторот Дик Адвокат се родени во Европа.

Адвокат кој ќе биде предводник на Куракао со 78 години, ќе биде најстариот селектор во историјата на светските првенства.

- Оглас -

Најнови вести