Бенитес си замина од Кина поради коронавирусот!

Искусниот шпански тренер Рафаел Бенитес, го раскина договорот со кинескиот клуб Далијан, а како причина за разделбата, 60-годишниот Бенитес ја наведе пандемијата на коронавирус.

Бенитес напиша проштално писмо во кое вели дека за време на пандемијата, сака да биде блиску до семејството, а неговата фамилија живее во Англија.

Трофејниот Бенитес кој има освоено многу клупски титули, седна на клупата на Далијан во јули 2019 година, а минатата сезона ја завршија на 13-то место во кинеската лига. Проблемот со коронавирусот смени многу работи, веројатно и плановите на клубот беа поамбициозни пред да се појави вирусот, па Бенитес реши на пријателски начин да се збогува со Кинезите.

- Оглас -

Најнови вести