Репрезентацијата на Германија имаше успешна „генералка“ пред Светското првенство, откако славеше со 2-1 над селекцијата на САД. Германците со оваа победа веќе имаат серија од девет победи по ред во пресрет на Мундијалот, кој за нив започнува на 14 јуни со дуел против дебитантот Курасао.
Каи Хаверц го отвори резултатот во Чикаго уште во втората минута, а Американците израмнија преку Робинсот во 37-мата минута.
Голот за победа на Германија беше дело на Лерој Сане во 57-мата минута.

