Бензема со хет-трик донесе прва радост за Реал во подготовките (видео)

Со трите погодоци на Карим Бензема и по еден на Начо и Маријано, Реал Мадрид славеше со 5-3 во контролката против Фенербахче.

Мечот за третото место на пријателскиот Ауди куп, кој се одржува на „Алијанц арената“ во Минхен, е прва победа за Кралскиот тим во досегашниот дел од летните подготовки, ако не се смета дуелот против Арсенал во Интернационалниот куп на шампионите кој го добија по изведување на пенали.

Францускиот голгетер два гола постигна во првото полувреме за израмнување од 1-1 и водство од 2-1 за тимот на Зидан, додека во 53-тата минута го комплетираше хет-трикот. Фенербахче израмни преку Туфан во 59-тата минута, но Начо и Маријано до крајот се погрижија да нема ново разочарување во таборот на поранешниот европски првак.

https://www.youtube.com/watch?v=o97ZAnKdQ4Q

- Оглас -

Најнови вести