Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Аксел Витсел, се покажа како добар шегаџија. Белгискиот репрезентативец на социјалните мрежи објави монтирана слика од националниот тим, на која сите играчи имаат фризура како неговата.
„Вака изгледа кога не можеш да се потстрижеш во услови на изолација“ – напиша Витсел.
Потоа беше објавена фотографија и како би изгледала екипата на Борусија Дортмунд, ако сите имаа фризури како Белгиецот.