Берлинска драма и пресврт го врати Унион на врвот во Бундеслигата

Унион Берлин успеа на драматичен начин со последниот удар на мечот да ја победи Борусија Менхенгладбах со 2:1 и да се врати на врвот на табелата во Бундеслигата.

Тимот од главниот град и претходно во 86. минута постигна гол за победа, но Тримел беше во офсајд и беше поништен, но затоа Даниел Доехи беше на вистинското место во 97. минута за голема радост и триумф за прво место.

Унион Берлин сега има 26 бода по 12 кола, еден повеќе од актуелниот првак Баерн и четири од Борусија Дортмунд.

Во 29. минута и Бекер даде гол за Унион, но и тој погодок беше поништен поради играње со рака, па следеше шок за тимот од Берлин само 240 секунди подоцна.

Нико Елведи даде гол за Борусија и гостите поведоа во 33. минута и имаа предност од 1:0 се до 79. минута.

Тогаш Беренс израмни на 1:1, а драмата кулиминираше во 97. минута со погодок за победа на домаќинот.

- Оглас -

Најнови вести