Берлински ѕид во Ротердам – Има повредени навивачи на Унион, полицијата ги истепа и не ги пушти на стадион (Фото)

Навивачите на Унион Берлин доживеаја непријатни моменти на гостувањето во Ротердам откако не им беше дозволено да влезат на стадионот „Де Кајп“ за дуелот со Феенорд, а во судирот со полицијата има и повредени.

Околу 500 од вкупно 3.000 симпатизери на германскиот тим останаа надвор од стадионот, а потоа дојде до инциденти и судир со полицијата, која користеше и кучиња за да ја смири ситуацијата.

Гостинските навивачи се пожалија на употреба на прекумерна сила, а има и доста повредени во судирот со холандските сили за јавен ред и мир.

Феенорд е познат во Европа по своите навивачи, кои често прават проблеми, па на гостите од Берлин дури им било препорачано да не носат видливи ознаки од својот клуб. Сега до судир меѓу навивачите, за среќа, не дојде, но гостите имаа инциденти со полицијата.

Околу 2.500 симпатизери на Унион Берлин беа на трибините на култниот стадион „Де Кајп“ во Ротердам, на мечот што Феенорд го доби со 3:1, но 500 од нив имаа многу проблеми, дел од нив и со повреди по инцидентите со полицијата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести