Беса го победи Пелистер во Битола и се зацврсти на лидерското место во Втора лига

Екипата на Беса во директен дуел со најголемиот ривал пелистер, покажа зошто е најдобар тим во Втора фудбалска лига во моментов. На гостувањето на стадионот „Тумбе кафе“ во Битола, Беса се радуваше на триумф од 2:1 и стигна до деветата победа во 11. коло.

Гостите имаа контрола на играта и водеа со 2:0, а Пелистер со гол во финишот само доби надеж дека може да се спаси од пораз, но битолчани сепак не постигнаа уште еден погодок до крајот и мораа да се помират со фактот дека нема да освојат ниту еден бод. Со оваа победа Беса стигна до 28 бодови, додека Пелистер остана на 21 бодови.

Арсими на свој терен со 2:1 го победи Тетекс и стигна до четвртата победа сезонава. Со овој триумф Арсими со 13 бодови бега од долниот дел на табелата. Тетекс остана со 17 бодови.

Резултати: Пелистер – Беса 1-2, Арсими – Тетекс 2-1, Детонит Плачковица – Новаци 3-0, Скопје – Башкими 3-1, Каменица Саса – Охрид 1-1, Караорман – Осогово 2:0, Кожуф – Беласица 1:1, Вардар Неготино – Победа 3:2.

- Оглас -

Најнови вести