Беше ли оштетен Јуветус во првото полувреме? (Видео)

Јувентус и Лацио играат 1:1 по првото полувреме во дербито од Серија А. Старата дама на овој меч во стартниот тим е без Кристијано Роналдо, а тоа го користат гостите.

Со погодокот на Кореа во 14 минута, Лацио стигна до предност од 1:0. Водството на гостите беше се до 39 минута, кога Рабио одлично ја искористи шансата и го матираше голманот на Небесносините.

Покрај двата гола, во првото полувреме се случи една спорна ситуација. Федерико Кјеза беше во напад кога еден гостински играч со рака ја удри топката. Целата таа ситуација се случуваше во шеснаесетникот и домаќините очекуваа дека ќе има пенал.

Сепак, судијата Давиде Маса не се огласи, а немаше ни повторување на ситуацијата со ВАР системот, па Јувентус не доби пенал.

https://twitter.com/i/status/1368294760176357376

- Оглас -

Најнови вести