Во Шпанија одигран најчудниот меч оваа сезона (Видео)

Фудбалерите на Леванте со 3:2 ја победија Осасуна во 35 коло на шпанското првенство, во меч кој може да го добие епитетет најчуден одигран сезонава. Голот за победа на Леванте беше постигнат во 90+1 минута кога погоди Камерунецот Ета Јанг.

Првото полувреме беше посебно возбудливо, затоа што за помалку од 40 минути имаше четири голови од кои еден беше автогол, а во финишот од првиот дел беше доделен и еден црвен картон. По само три минути игра, Леванте си даде автогол кога Толјан на неверојатен начин ја затресе сопствената мрежа.

Веќе во 11 минута Осасуна водеше со 2:0, но Леванте кој беше под притисок да победи, не се предаде и успеа да се врати во игра. Виктор Гарсија постигна два гола во период од 35 и 37 минута и израмни на 2:2 што даде полетност кај домашниот тим дека може да направи целосен пресврт.

Дополнителен мотив за Леванте беше црвениот картон кој го доби голманот на гостите во 45 минута. Херера направи непромислено истрчување надвор од својот шеснаесетник, лошо го процени летот на топката, па мораше со рака да ја сопре акцијата на домаќините. Судијата веднаш му даде црвен картон.

Откако Леванте стигна до 2:2 и на теренот беше со играч повеќе, во второто полувреме, буквално во 90 минута даде гол за целосен пресврт и триумф од 3:2. Со оваа победа Леванте стигна 36 бодови по 35 меча и е на 18 место кое носи испаѓање во втора лига, но тимот од Валенсија уште има шанси да се избори за спас.

- Оглас -

Најнови вести