Беше на чело на МЗТ кога му беше најтешко, сега треба да е тренерот со кој аеродромци ќе ја одбранат титулата

Добро познато име треба да се врати на клупата на МЗТ Скопје Аеродром. Александар Петровиќ е пред враќање во таборот на аеродромци. Се очекува Петровиќ да биде новиот тренер на актуелниот првак.

МЗТ Скопје Аеродорм остана без тренер откако Дарко Радуловиќ доби отказ по неуспехот да се одбрани титулата во Купот на Македонија.

За Петровиќ ова треба да биде четврто враќање во МЗТ. Прв пат беше во периодот од 2001 до 2004 година, а потоа имаше кратка авантура во Шпанија, за брзо време повторно да се врати во „Јане Сандански“ и остане до 2007 година.

Една сезона потоа работеше во Пелистер, а во 2008 година, Петровиќ повторно дојде кај аеродромци. Популарниот Ацо беше на чело во најтешкиот период од клубот. Во 2009 година учествуваше во спасот на МЗТ Скопје Аеродром, а остана до 2011 година.

Потоа има работено во Карпош Соколи, Куманово, а засега уште е актуелен стратег на ФМП Академија.

- Оглас -

Најнови вести