Беше тенисер, а сега е жена, и тоа фотомодел (Фото)

По првата трансродова фудбалерка, од Аргентина стигна и првата тенисерка која додека играла тенис, била маж, а сега е жена. Станува збор за Миа Федра, која почнала да игра тенис на 9 години, некое време се натпреварувала во машка конкуренција, но потоа сфатила дека сака да биде жена.

Ја прекинала тениската кариера додека вршела промена на полот, па по трансформацијата која траела 10 години и бројните операции, сега почнала да игра тенис во женска конкуренција.

Миа има 36 години, се натпреварува во тенис за ветеранки (постари од 35 години) и моментно е број 2 на ранг-листата во Аргентина во таа категорија.

Покрај со тенис, Миа се занимава и со моделинг, а со своите настапи во медиумите сака да ја раскаже својата приказна и да се бори за инклузивност на тоа што секоја личност сака да биде каква и да е.

- Оглас -

Најнови вести