Се роди како машко, а потпиша за женски прволигашки клуб

Фудбалерката Мара Гомес, која настапува на позицијата напаѓач, потпиша договор со клубот Вилја Сан Карлос и ќе стане првата транссексуалка која ќе заигра во првата аргентинска женска лига.

Мара, која пред 22 години се роди како машко, доаѓа од аматерски клуб и вели дека досега немала проблеми.

„Во сите клубови каде што сум била, добро ме третирале. Никогаш не сум била отфрлена од тимот. Сите ја правиме истата работа, играме фудбал“, вели Мара Гомес.

 

- Оглас -

Најнови вести