Бетис ја исполни мисијата: Илјадници играчки се појавија на трибините (Фото)

Бетис синоќа загуби на свој терен од Еибар со 2:0, но домаќините традиционално се големи победници кога се работи за хуманоста пред Божиќ. Андалузискиот тим и оваа година не заборави на големата акција во која треба да израдува илјадници деца на кои им се потребни подароци во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Традиционално, навивачите на трибините доаѓаат со разни играчки, кои во одреден период од мечот ги фрлаат на теренот, а потоа сите тие подароци се подаруваат на оние на кои им се најпотребни. Оваа година, поради корона-вирусот, нема гледачи на трибините, но од Бетис не заборавија да ги исполнат седиштата со играчки.

Илјадници играчки во зелено-бела боја беа на трибините, а потоа ќе завршат во хуманитарни цели.

За тоа како изгледаше „дождот од играчки“ минатата година, но и во 2018 година на стадионот на Бетис може да погледнете ТУКА и ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести