Херои на викендот: Навивачите на Бетис фрлија илјадници играчки за децата кои немаат да си купат (Фото)

Бетис загуби од Атлетико Мадрид со 1:2 на свој терен, но сепак домашните навивачи се главните херои на овој меч. Фановите на Бетис се организираа за тоа како да соберат што е можно повеќе играчки во пресрет на Божиќ, за децата кои не може да си дозволат подарок за празникот.

Илјадници играчки „заврнаа“ на стадионот на Бетис, а глетката беше магична. Собрани се многу играчки кои сигурно ќе израдуваат голем број на деца.

- Оглас -

Најнови вести