Без голови на полувреме: ВАР не го призна голот на Серафимов, Миранјан ја имаше најдобрата шанса за Ерменија

Фудбалската репрезентација на Македонија има 0-0 против Ерменија по првото полувреме од дуелот во Ереван. Нашиот национален тим можеби е „скратен“ и за погодок, со оглед дека одлуката од ВАР собата решаваше дали Македонија ќе има водство уште на стартот од мечот.


Во петтата минута Македонија постигна гол. Милиметри решаваа дали ќе биде погодок, но ВАР технологијата застана на страна на Ерменците откако Никола Серафимов ја погоди мрежата на домаќинот со удар со глава по центаршутот на Елиф Елмас од левата страна. По подолга проверка, на крајот беше досудена офсајд позиција. И доколку беше, сигурно се работи само за неколку милиметри.

Ерменците се обидуваа да напаѓаат во бранови, но најчесто грешеа при последното додавање или пак шутот кон голот на Димитриевски беше непрецизен.

Во 15-тата минута Хофханисјан шутираше над голот, а многу посериозна беше заканата на Едуард Спертсјан во 32-тата минута. Но, и неговиот удар заврши надвор од рамките на македонскиот гол.

Во 45-тата минута, најдобрата шанса за Ерменија. По нафрлувањето од десната страна, Миранјан упати удар со глава, но за среќа, за малку крај дирекот.

- Оглас -

Најнови вести