Без многу филозофии до добивки над 4.000 евра

Основните игри во обложувањето, а тоа е фиксовите и играње на тоа колку погодоци ќе бидат постигнати се покажаа како вистинска варијанта за одлични добивки во Sport Life изминатиов викенд. Среќни 13 парови уплатил обложувач во Прилеп и само за 100 вложени денари, успеа да добие 239.841 денар.

Дури осум мечеви му се одиграни 3+, на три дека домаќините ќе дадат барем два гола на мечот, а има и два „фикса“. Мечевите од англиските лиги лесно излегоа барем со по три гола, а немаше драма ниту на Сасуоло – Фиорентина (3:1), Рода – НАЦ Бреда (3:3), Калјари – Парма (4:3), Зулте Варегем – Гент (2:7) и Сосиедад – Севилја (2:1 уште во првото полувреме).

Ајакс го освои Купот на Холандија со 2:1 против Витесе, а Лацио со 5:3 го победи Беневенто за „чист кец“. Едноставно ова е добитен тикет без никаков стрес и драма во последните минути од натпреварите.

САМО ЧЕТИРИ МЕЧА, А ДОБИВКА ОД ЧЕТИРИ И ПОЛ ИЛЈАДИ ЕВРА

Со похрабра уплата од 1.000 денари, само на четири мечеви, играч од Драчево си заработи 283.701 денари. Погодено е дека Баерн ќе слави на гости кај Волфсбург во меч на кој ќе има барем 2 и 5 гола, а дуелот заврши 2:3. Галатасарај славеше на гости кај Гозтепе со 3:1 за 2&4+.

Добро е што Барселона се разигра во второто полувреме против Атлетик Билбао за да биде добитно 2&3+, а мечот заврши со 4:0 за каталонскиот гигант. Олимпик Марсеј со пресврт во второто полувреме стигна до победа над Лориен од 3:2, за добитно 1&3+ и сигурна исплата за обложувачот од Драчево.

И СО 20-ЧЕ МОЖЕ ОДЛИЧНО ДА СЕ ЗАРАБОТИ

Дека вреди да се стави и 20-че на повеќе мечеви, се увери и обложувач од Велес, кој погоди 14 фиксови и си заработи 51.111 денари. Тактиката била да се одигра на фаворитите од сите најголеми лиги и на крајот немаше ниедно изненадување.

Лесно се погодени победите на Барселона против Атлетик Билбао (4:0), Милан против Џенова (2:1), Атлетико Мадрид во дуелот со Еибар (5:0), Базел – Сервет (5:0), а се радуваа и Порто на гости кај Национал со 1:0, Манчестер јунајтед дома против Барнли (3:1), Андерлехт кај Сент Труден (1:0), Лестер – Саутхемптон (1:0), Нант – Лион (1:2), Оксер – Нанси (3:2), Марсеј – Лориен (3:2) и дуелите од Бундеслигата меѓу Борусија М. – Ајнтрахт (4:0) и Борусија Д. – Вердер (4:1).

 

 

- Оглас -

Најнови вести