Без промени во составот за дуелот против Чешка

Победа во дуелот против репрезентацијата на Чешка ќе значи дека Македонија веќе може да размислува за следната фаза од Европското првенство. Токму затоа, селекторот Данило Брестовац одлучи да не го менува составот кој вчера се избори за триумф и важни бодови против Украинците со минималните 26:25.

Мартин Серафимов и Мартин Томовски повторно ќе изостанат од списокот играчи кои ќе го бранат репрезентивниот дрес, тие двајца од трибините во „Штадхале“ ќе го проследат мечот против Чесите.

Македонија досега има остварено четири победи во вкупно 10 средби против Чешка, а според Sport Lifе квотата за „двојка“, односно победа на нашата селекција носи 2.10 коефициент. Дуелот е закажан за утре во 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести