Луис Енрике: Гвардиола е најдобриот тренер во историјата

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, ги коментираше вестите за најавеното заминување на Пеп Гвардиола од Манчестер сити.

„Не верувам дека Пеп си заминува. Не верувам и не сакам да верувам, бидејќи би сакал да остане уште многу години“, изјави Луис Енрике.

„Кога бев селектор на репрезентацијата, тој ме испрашуваше за таа работа. Отсекогаш имал желба да стане селектор на национален тим. Не мислам дека ќе ја преземе Италија, но не можеме ниту да ја исклучиме таа можност“, сподели шпанскиот стручњак.

„Би сакал да го гледам Пеп на највисоко ниво уште многу години, бидејќи тој е пример за мене, тој е најдобриот тренер на сите времиња. Не поради бројот на трофеи, туку поради тоа што го пренесува, начинот на кој го прави тоа, како ја промени играта, како се осмелува да ги поместува централните дефанзивци или да ги внесува бековите во средината“, додаде Луис Енрике.

„Еден ден ќе ги пушти централните дефанзивци во напад и сите ќе почнат да го копираат. Многу малку луѓе поседуваат таква способност. Само избраните. А во тоа тој е број еден“, заврши тренерот на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести