Тренерот на Ал-Наср, Жорге Жезус, потврди дека ќе го напушти клубот, откако го предводеше до шампионската титула во првенството на Саудиска Арабија.
„Го прифатив предизвикот да го водам Ал-Наср само затоа што му кажав на Кристијано Роналдо: ‘Ќе ти помогнам да станеш шампион, ќе ја освоиме титулата и потоа ќе си заминам’. Тоа е сѐ. За мене мисијата е исполнета. Ова беше мојот последен натпревар како тренер на Ал-Наср“, изјави Жезус.
Португалскиот стручњак го презеде тимот во август 2025 година.
По одигрувањето на сите 34 кола во шампионатот на Саудиска Арабија, Ал-Наср заврши на првото место на табелата со 86 бодови. На втората позиција остана Ал-Хилал, кој собра 84 бодови.
Ова е прва шампионска титула во Саудиска Арабија за Кристијано Роналдо.

