Без цензура: Халанд беше превозбуден по дебито во Премиер лигата (видео)

Манчестер сити тргна со триумф над Вест хем во одбрана на титулата во Англија, пред сè, благодарение на двојниот стрелец Ерлинг Халанд. Норвежанецот беше расположен во своето премиерлигашко деби, но посакуваше да тргне со хет-трик, исто како што му почна кариератa во Борусија Дортмунд пред две години.

Дека беше премногу возбуден што заигра во англискиот шампионат, потврдува неговото интервју по крајот на мечот. Новинарот го праша дали требало повеќе време да се задржи на теренот и да се обиде да стигне до хет-трик, а тогаш Халанд заборави на цензурата.

„Да, секако, ако забележавте пред да излезам од игра, Гундо се најде во ситуација во која требаше јас да бидам на тоа место. Малку ср*ње, но тоа е што е. Леле, извинете, ср*ње…“, на двапати опцу новата ѕвезда на Сити.

- Оглас -

Најнови вести